Група полуголи демонстранти кои се собраа во британскиот парламент ја прекинаа дебатата за Брегзит. Како што пренесува Ројтерс, демонстрантите се појавиле во текот на седницата на која делегатите дискутирале околу начиниот и дали Британија треба да ја напушти Европската унија.
Демонстрантите на грбот имале напишано “климатска правда веднаш“, протестирајќи против климатски промени.
Агенцијата наведува дека инциндентот траел 25 минути, а неколкумина демонстранти со лепак си ги залепили своите дланки за стаклата во парламентот, по што морала да интервенира и полицијата. Таа соопшти дека се уапсени 12 демонстранти.