Српскиот голман на Вардар, Дејан Милосављев после вчерашниот величенствениот дочек, денеска емотивно на фејсбук се прости од најверните навивачи.
Тоа го направи со стиховите од песната „Ја излези Ѓурѓо“, која веќе од поодамна е една од хитовите на вардаровите навивачи.
„Ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро, ја излези Ѓурѓо на пенџере… Да ги видиш Ѓурѓо, да ги видиш сестро КОМИТИТЕ – Македонците“, напиша Милосављев.
Инаку, само послед една година Милосављев заминува од таборот на црвено-црните и во иднина ќе го брани голот на Фуксе Берлин со кој потпиша петгодишен договор.
извор. Спорт1