Познатиот милијардер и филантроп Бил Гејтс водел прилично разуздан младешки живот пред се ожени со Мелинда, тврди неговиот биограф кој се прашува дали ќе се врати на забавите по разводот.
Новинарот Џејмс Валас напиша две книги за основачот на „Microsoft“ во 90-тите, во кои откри дека Гејтс организирал голи забави со стриптизети.
Во интервју за „Daily Mail“, 74-годишниот Валас откри дека Бил не бил невин во својата младост кога го запознал.
-Во тоа време, многу деца на „Microsoft“ беа млади мажи кои организираа прилично луди забави, одеа по клубови и бараа стриптизети кои беа донесени во домот на Бил. Тој во тоа време не беше невин, рече тој.
Втората книга на Валас за Гејтс, објавена во 1997 година, содржи подетални описи на наводни голи забави во имотот на Лорелхорст на Гејтс во Вашингтон.
Валас напишал дека националните медиуми сакаат да дозволат непрекинат проток на вести за технологијата и деловните потези на Гејтс и затоа тие не известувале за неговите забави што ги организирал во Сиетл. Гејтс, наводно, посетил стриптиз клубови и ангажирал танчери да дојдат во неговиот дом. Потоа скокале голи во затворениот базен и се забавувале до раните утрински часови.
Валас исто така напишал дека однесувањето на Гејтс со жените оставило трага во неговиот однос со Мелинда.
-Иако Гејтс започна да излегува со Мелинда Френч во 1988 година, тој сепак некое време флертуваше со други жени, особено кога беше на службено патување. Тој редовно таргетираше новинари кои го следеа „Microsoft“, напиша тој.
-Неговиот флерт беше добро познат, иако малку се пишуваше за тоа, бидејќи Гејтс и „Microsoft“ беа неисцрпен извор на информации и добри стории за новинари како „New York Times“, и никој не сакаше да го спречи тоа, тврди тој.
-Мелинда Френч многу добро го знаеше сето ова, нивната врска беше полна со подеми и падови. Во еден момент раскинаа една година, наводно затоа што Гејтс не сакаше да се врзува. Сепак, кога повторно се зближија во 1992 година, нивната врска била поцврста од кога било, истакна тој.
Долгогодишниот пријател и поранешен извршен директор на Гејтс, Верн Рабурн, ги потврди тврдењата од книгата во интервју за „Daily Mail“ и откри дека Гејтс наводно ја изневерил Мелинда во раната фаза од нивната врска.
Тој потврди дека Гејтс сакал да организира забави и дека не и бил верен на Мелинда кога почнале да се забавуваат, но бил горд што тоа не се случило по нивната венчавка.
-Не е ништо посебно да се оди во базен. Постои разлика помеѓу пливање во базен со еден куп други луѓе и да се оди во базен со друга личност или да се биде во кревет со друга личност, рече тој.
Тој тврди дека, колку што знае, Бил и бил верен на Мелинда по нивната венчавка во 1994 година.
Верн Рабурн го познаваше Гејтс со години и беше еден од неговите први вработени и тврди дека Бил и Мелина се оддалечиле последните години и не ги делеле секогаш истите интереси кога станува збор за работата на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Тој истакна дека Бил и Мелинда се добри луѓе.
-Искрено се надевам дека Бил и Мелинда ќе најдат среќа. Поминав низ развод пред 12 години. Секој што ќе ти каже дека добро се развел лаже.