Еден од најголемите спонзори во тимот на Новак Ѓоковиќ, француската компанија „Пежо“, реши да ја прекине соработката со српскиот тенисер, иако неодамна јавно потенцира дека нема да крене раце од еден од најдобрите на сите времиња.
„Пежо“ и Ѓоковиќ соработуваа од 2014 година. Компанијата реши да го повлече спонзорството откако стана јасно дека Ѓоковиќ нема намера да се вакцинира, поради што под знак прашалнике е неговиот настап на најголемиот дел од турнирите.
„Не, нема да го продолжиме спонзорскиот договор со Ѓоковиќ“, рекол првиот човек на „Пежо“, Карлос Таварес.
Јавноста шпекулираше дека големите спонзори ќе го напуштат Ѓоковиќ, откако тој не доби дозвола да настапи на Австралија опен.
Интересно, од „Пежо“, пред почетокот на турнирот во Дубаи, изјавија дека ќе останат со Ѓоковиќ.
Покрај „Пежо“, големи спонзорски договор Ѓоковиќ има со „Лакост“ и „Хуболт“.