Голем пожар избувна над Галичник, зафатена е борова шума, а огнот уште побрзо се шири поради силниот ветер.
Како што пренесува „МКД.мк“, пожарот избувнал на околу 200 метри над хотелот „Неда“, а туристите веќе се повлекуваат од Галичник.
Според информациите оттаму, во моментов не се знаат причините за пожарот, ниту колкава површина е зафатена, бидејќи огнот многу брзо се шири.