Пожар изби утрово во Кинескиот трговски центар во Нов Белград, јавија локалните медиуми.
Во гаснењето на пожарот се вклучени 46 пожарникари-спасувачи со 13 возила.
Во тој трговски центар голем пожар избувна и пред повеќе од две години.
„Блиц“ пишува дека причината за пожарот се уште не е позната, а како што може да се види на фотографиите и видеата од местото на настанот, од центарот на трговскиот центар дивеат огромен црн чад и пламени јазици.
Според „Новости“, пред пожарот се слушнала експлозија.
Густ чад го покри целиот блок, а многумина излегоа на улиците да видат што се случува.
Во српското МВР дојава за пожар добиле во 06.57 часот.
Зголемен е бројот на пожарникари, па на терен се 51 пожарникар и 15 возила на Секторот за вонредни состојби.
Како што јави репортерот на „Блиц“, покрај пожарникарите во дуќаните има и лица кои се обидуваат да си ја спасат робата.
Од толпата се слушаат извици „Ајде, да излеземе одовде“, а пожарот среде трговскиот центар се прошири на сите страни.
Екипите на итната помош на терен за „Блиц“ потврдија дека нема повредени.