„Брилијант“ ја зголеми цената на маслото за јадење, од 115 на 135 денари, и со ова поскапување ја израмни цената на овој важен прехранбен придук со онаа на другите македонски производители.
Според него, новото сирово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина чини околу 2.200 евра за тон, а пред три до два месеца сировото масло на светските берзи се движело од 1.200 до 1.500 евра за тон.
На прашањето дали ќе има ново зголемување на цената на маслото за јадење, Ташков одговори дека тоа ќе зависи од цената на светската берза. Тој смета дека во моментов кризата со зејтинот се смирува поради увозот од Србија и апелира граѓаните да не прават залихи.
Анализите покажуваат дека македонските граѓани месечно трошат околу два ипол милиона шишиња масло за јадење од растително потекло.