Научниците во Германија велат дека ја разјасниле причината за ретката појава на згрутчување на крвта поврзана со вакцините за коронавирус Оксфорд / АстраЗенека и Џонсон и Џонсон, и веруваат дека вакцините може да се модифицираат за целосно заобиколување на ваквата реакција, пишува Фајненшл тајмс.
Ролф Маршалек, професор на универзитетот Гете во Франкфурт, кој водеше истражување за оваа ретка состојба од март, рече дека неговото истражување покажало дека проблемот е во аденовирусните вектори што обете вакцини ги користат за да го испорачаат “spike” протеинот на Sars-CoV- 2 вирусот во телото, пренесува Јутарњи лист.
Механизмот за испорака значи дека вакцините испраќаат т.н. „Спајк“ на протеинот во клеточното јадро, наместо во цитозолната течност сместена во клетката каде што вирусот нормално произведува протеини, рекоа Маршалек и другите научници во трудот објавен во средата.
Кога влегуваат во клеточното јадро, одредени делови на „Спајк“ протеинот се спојуваат или се раздвојуваат, создавајќи мутирани верзии, кои не можат да се врзат за клеточната мембрана каде се одвива важна имунизација. Пловечките мутациони протеини се лачат од клетките во телото, предизвикувајќи згрутчување на крвта кај приближно еден од 100.000 луѓе, според теоријата на Маршалек.
Спротивно на тоа, вакцините базирани на mRNA, како што се вакцините развиени од BioNTech / Pfizer и Moderna, доставуваат широк протеински генетски материјал во клеточната течност и тој никогаш не влегува во јадрото.
„Откако ќе се најдат гените на вирусот во јадрото, тие можат да создадат некои проблеми“, изјави Маршалек за „Фајненшл тајмс“.
Ретка реакција на згрутчување на крвта што ја попречува вакцинацијата со AstraZeneca и J&J е пријавена кај 309 од 33 милиони луѓе кои примиле вакцина AstraZeneca во Велика Британија, предизвикувајќи 56 смртни случаи. Во Европа, најмалку 142 луѓе имале згрутчување на крвта од 16 милиони приматели на вакцини.
Како одговор, употребата на AstraZeneca е ограничена или прекината во повеќе од десетина земји. J&J започна да ја воведува својата вакцина во Европа со предупредување на пакувањето во април по кратко доцнење поради загриженост за можно згрутчување.
Но, Маршалек верува дека постои директен „излез“ доколку оние кои ја развиваат вакцината ја менуваат низата на „Спајк“ протеинот за да се спречи неговото одвојување.
J&J веќе контактирале со лабораторијата на Маршалек за да побараат насоки додека бараат начини да ја прилагодат вакцината за да се спречи тоа спојување, рече тој.