Австралиските истражувачи тестираат револуционерен третман за COVID-19 добиен од обичен ананас.
Професорот Дејвид Морис од болницата „St. George“ во Синдеј и неговиот тим развија постоечки лек кој се користи кај пациенти со карцином.
Лекот BromAc, кој се произведува благодарение на ензимот од ананас, е докажано дека ги раствора протеините (шилата) што COVID-19 го користи за зарази на човечките клетки.
Научниот тим го надгради и подобри овој лек со претворање во спреј, со што се надеваат дека ќе можат да го запрат ширењето на вирусот од носот и грлото до белите дробови.
Тестирањето на спрејот може да започне во болницата во Мелбурн следниот месец.
“Зедовме лек кој се развива повеќе од една деценија со намера да го прилагодиме за лекување на лица заразени со коронавирус”, изјавил д-р Морис.
“Резултатите од тестирањата покажуваат дека овој лек може да ги онеспособи шилците на вирусот и да спречи тие да инфицираат други клетки”, додава докторот.
Со тоа, ензимот од ананас би можел да биде важен клуч во спречувањето на ширење на коронавирусот, а светот ги очекуваат резултатите од тестирањето на општата популација и производството на овој спреј за нос.