Откако во петокот цената на дизелот се намали за 2.00 денари но цените на бензините останаа непроменети, денес имаме намалување на сите цени на горивата. Малопродажните цени се намалуваат во просек за 1.67%.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 2.00 денари за литар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 82.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 84.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.50 денари и еден литар дизел од вечерва ќе чини 78.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.