Синоќа во тешка сообраќајна несреќа на островот Корчула загинале три млади момчиња, сите тројца од Смоквица, пренесува Индекс.хр.
Најмладиот имал само 19 години, а другите двајца 22 и 24 години.
Несреќата се случила околу 00:45 часот на делницата од патот Д-118 Вела Лука-Блато.
Сообраќајната несреќа се случила, соопшти полицијата, кога 19-годишник, управувајќи автомобил со дубровнички регистарски таблички, движејќи се од правец на Блато во правец кон Вела Лука, изгубил контрола поради неприлагодената брзина и условите на патот. Возилото излетало од коловозот и удрило во дрво.
Според далматинскиот портал, ударот бил толку силен што автомобилот се преполовил. Тројца млади момчиња загинале на лице место.
Полицијата соопшти дека ниту еден од тројцата млади луѓе не користел сигурносен појас.
Телата на повредените млади момчиња се пренесени на Патолошкото одделение во Дубровничката болница, соопшти утрово полицијата.