Голема студија укажува на тоа дека луѓето со нулта крвна група или Rh негативен може да имаат малку помал ризик од новиот коронавирус.
Меѓу 225.556 Канаѓани тестирани за вирус, ризикот да се дијагностицира ковид 19 е 12. проценти помал, а ризикот од тежок kковид-19 или смрт за 13. проценти помал кај луѓето со нулта крвна група од оние со A, AB или B, објавија истражувачите во „Annals of Internal Medicine“.
Поединци во која било крвна група кои биле Rh-негативни, исто така биле донекаде заштитени, особено ако имале нулта негативна крвна група.
Луѓето со овие крвни групи може да имаат развиено антитела кои можат да препознаат некој аспект на новиот вирус, изјавил коавторот д-р Џоел Реј од болницата „Сент Мишел“ во Торонто.
„Нашата следна студија конкретно ќе ги разгледа ваквите антитела и ќе види дали тие го објаснуваат заштитниот ефект“, рекол Реј.
Дали и како оваа информација може да влијае на превенција или третман на ковид 19, сè уште не е јасно.
Но, за резултатите од овие истражувања утрово говорела и доктор Марија Здравковиќ, на утринската програма на ТВ Пинк.
„Уште на почетокот на пандемијата беше речено дека некои луѓе се позагрозени кога станува збор за инфекција со вирусот корона, а беше сугерирано дека токму тие имаат крвна група А. Сосема спротивното се тврди за оние со нулта група, некои истражувања сугерираат дека тие помалку ќе се разболуваат.
Објавени се неколку трудови во светот кои покажуваат дека нултата крвна група, тоа е групата што нема никакви антени на еритроцитите, така да се каже, тој антиген е антена што ја фаќа овој вирус – групата А има антени , Б имаат антени Б и сл. Луѓето кои имаат нулта крвна група немаат ништо и тие се ‘лизгав терен’ за вирусот. Сега е објавен труд дека најголем број на лажни негативни тестови за ПЦР кај корона позитивните има кај луѓето со нулта крвна група, тука имало најмала детекција. Времето ќе покаже. Факт е дека овој вирус се врзува за еритроцит, прво го блокира врзувањето на кислородот со еритроцитите, ова е почеток на болеста. Првично беше приказано дека изгледа како празит, ги напаѓа агенсите што исто така предизвикува маларија, така што маларијата започнува на сличен начин, но овој вирус е далеку поопасен и поуништувачки, по овој напад ги напаѓа ендотелијалните клетки, оние што се наредени во внатрешноста на крвниот сад, а потоа ја има таа втора,ткивна фаза. Тоа е фаза кога започнуваат да се јавува пневмонија. Постојат луѓе кои не развиваат пневмонија, кои ковидот го прележуваат само како настинка. Многу е важно дали се врзал, колку се врзал, најважно е колку честички влегле, дали сте поминале покрај некого, па има помала количина, или сте седеле до некого и сте се смееле, кашлал кон вас, кивал, пеел .. Само луѓе кои не се свесни можат да пеат, ова не е време за пеење“, рекла д-р Марија Здравковиќ во утринската програма на ТВ Пинк…