210
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК спроведува акција на повеќе локации низ државата поради основано сомнение за сторени кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство.
-Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување, информираат од МВР.
Неофицијално, се работи за мрежа составена од преку 50 лица: доктори, член на комисија во пиом, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро, претреси се прават и во здравствени ординации,адвокатска канцеларија, службени канцеларии каде работат докторите – на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес.