Гола жена ноќеска дивеела и врескала на бензинска пумпа во Германија, згрозувајќи ги возачите кои ја снимиле бизарната сцена на своите мобилни телефони.
Набрзо се испоставило дека таа е целосно пијана заболекарка, пишува Билд.
Ова, како што набргу се испоставило, не е прв случај 49-годишната жена од Северна Рајна Вестфалија да предизвика хаос кога била во тешка алкохолизирана состојба, односно дека во минатото предизвикувала внимание и интервенција на полицијата.
Како што објави Билд, стоматологот наводно е зависник од алкохол и дрога – но ѝ е дозволено да продолжи со праксата и лекување пациенти.
Дури во средата, според информации на Билд, во нејзината ординација се случила опасна ситуација: стоматологот се појавила со мачета, мавтајќи со неа и викајќи: „Јас сум во џунгла“.
Поради ова, медицинските сестри ги откажале сите термини за пациентите: „На стоматологот одеднаш ѝ се слошило“, им рекле на пациентите преку телефон.
Според вработените, само благодарение на среќата досега немало никакви грешки во лекувањето на пациентите: „Може да има среќа што има искусен асистент“.
Само годинава против стоматологот веќе има седум кривични пријави: меѓу другото и за навреди, физички повреди и дрога. Неодамна полицијата ја пронашла гола на улица – со 3,2 промили алкохол во крвта. Ноќта ја поминала во притвор.
Како е можно очигледен алкохоличар да продолжи да ја работи својата работа?
За надлежната надзорна служба, овој стоматолог не е непознат – но регионалната влада во Арнсберг има врзани раце: пречките за одземање на лиценцата се многу високи.
„Ги испитуваме сите законски можности“, изјави за Билд портпаролот на надзорната служба.
Според информациите на германскиот весник, стоматологот веќе неколку пати побарала стручна помош, но секогаш ја прекинувала терапијата. Исто така, таа не одговорила на прашањата во врска со овој инцидент.