По долги години борба Бритни Спирс е слободна и ужива во секој миг. Пејачка ја прослави оваа победа со голи фотографии кои повторно ги сподели со своите фанови. Интимните делови ги покри со емотикон – цвет, а најубавиот подарок по овој долго очекуван момент веќе го доби – веренички прстен со огромен дијамант од нејзниот вереник.
– Игрите на Пацификот никогаш не повредиле никого.! Псссс, фотографиите не се уредувани…, стои во описот на објавата која повторно ги разгоре социјалните мрежи.
Инаку, деновиве судот го прифати барањето на Бритни Спирс и го одзеде старателството на нејзиниот татко, што е голема победа за пејачката. Бритни конечно ќе може да ги контролира финансиите и приватниот живот.