Манекенката Адријана Лима со голи фотки ќе се бори против пожарите во Амазонија. Имено, Лима објави две слики од книгата “Angels Limited Edition” кои ќе се продаваат на уметничкиот саем во Бразил, а средствата ќе бидат наменет во организацијата Ealliance.org/amazonfund.
Инаку, амазонските шуми ги зафатија катастрофални пожари, а по Леоанард Дикапри, Адријана е втора од јавните фаци кои со донации ќе се борат против огнената стихија.
За само четири дена во Бразил избиле 9.507 нови шумски пожари со катастрофални последици по животната средина.