ОВЕН
Љубов
Во текот на оваа година треба да се научите со леснотија да ја прифаќате промената. Многу често ќе се најдете растргнати помеѓу домот, работата, љубовта, па за жал ќе треба да правите компромиси. Ако постојано барате од партнерот сè да биде како што вие сакате, тогаш ризикувате тој да започне да се чувствува неудобно и дури и да посака да излезе од врската. Интензитетот на вашиот љубовен живот ќе варира. Првата половина на годината ќе ви биде исполнета со страст, поради присуството на Марс во вашата 5-та куќа на романсата и плодноста. Страста особено ќе ја почувствувате во текот на пролетта и во почетокот на летото. До април Сатурн ќе се движи ретроградно во вага, вашиот сектор на сериозните врски. Ќе треба да поработите на тоа да оставите некои љубовни искри во минатото – каде што припаѓаат. Ако не успеете да го направите тоа, кај некои Oвни ќе дојде и до привремена разделба. Сатурн ќе се врати во вага на 22 јули и ќе остане таму сè до октомври 2023 година. Во овој период ќе забележите колку многу сте се изградиле како личност и ќе започнете да се однесувате поодговорно кога станува збор за вашата врска.
Пари
Кариерата ќе ви биде главна преокупација. Најверојатно ќе преосмислувате сè што имате започнато досега. 15 јануари и 26 јули се многу важни за вас кога станува збор за кариерата, затоа што тогаш ќе донесете важни одлуки кои ќе ги променат вашите цели. Пред да донесете некоја значајна одлука, многу е важно да се сообразите со вашето семејство или партнерот. Колку и да сакате да бидете независни, некои работи влијаат и врз животот на другите, па не бидете себични. Ако се плашите дека вашиот партнер ве кочи на патот до успехот, време е да ги преиспитате тие ваши чувства. Вие никогаш не сте биле и никогаш нема да бидете жртва. Во првата половина и во последните 3 месеци на 2023, Јупитер се наоѓа во Риби, па потребно е да внимавате на кого му верувате. Некој колега може да има скриени намери или љубоморна личност може да ви се спротивставува.
Здравје
Вашата енергија ќе биде непостојана. Во првите месеци на 2023, присуството на Марс во лав ќе ви донесе многу креативна енергија. Присуството на Јупитер во вашата 12-та куќа ќе придонесе да се одмарате и да го поставите здравјето на прво место. Од април до јули ќе започнете да обрнувате големо внимание на својот изглед. Најверојатно ќе станете редовен посетител на фитнес сала. Особено е важно да го намалите стресот, правилно да ги распределувате обврските и да внимавате на начинот на исхрана.
БИК
Љубов
Веќе научивте дека самите го креирате сопствениот живот и сами сте задолжени за својата среќа. Грижете се повеќе за себе како личност. Само така ќе можете да се чувствувате комплетни и задоволни, а тоа во секој случај ќе придонесе за зацврстување на врската. Од почетокот на април до втората половина на јули, Сатурн ќе биде во вага, вашата 5-та куќа на страста и задоволството. Поради тоа ќе чувствувате дека односите во врската ви заладуваат. Бидете умни и најдете начин да созреете и да ја задржите романсата. Понекогаш сè ќе ви доаѓа преку глава и дури може кон крајот на мај да сакате да останете сингл. Втората половина на годината ќе биде возбудлива за вас. Од јуни до септември Јупитер ќе биде во овен. Ќе запознаете личност која ќе биде ваша сродна душа. Може да имате чувство дека сте дел од филм, поради тоа што неколку неверојатни случајности ќе доведат до тоа да се запознаете со вистинскиот. Во овој период е можно да успеете да станете мајка. Тоа ќе биде огромно пријатно изненадување за вас.
Пари
Во 2023 ќе барате повеќе смисла во работите, а кариерата нема да биде исклучок. Ако не чувствувате задоволство од вашата редовна работа, можете во слободното време да волонтирате или да се зачлените во некое здружените кое ќе ви дава чувство дека правите нешто добро. Јупитер и Уран ќе бидат во вашата 11-та куќа на технологиите, па многу добра идеја е да започнете да ја користите моќта на блоговите, онлајн медиумите и социјалните мрежи за просперитет на професионален план. Може да добиете возбудлива понуда за работа од млада фирма или интернационална компанија. Проучете ги можностите, но не брзајте. Оваа година ѕвездите не ви се наклонети кога станува збор за ризикување. Не заменувајте ја стабилноста со ризична авантура. Во балансирањето е клучот.
Здравје
Сатурн се наоѓа во вашата 6-та куќа на здравјето, фитнесот и рутините. Време е да ги отфрлите штетните пороци и да ги замените со полезни дневни активности кои ќе ви помогнат да бидете пофокусирани и да го елиминирате стресот. Вежбањето никогаш не било поважно за вас. Тоа ќе ви помогне на правилен начин да го обликувате вашето тело и да внесете енергија. Имунитетот ќе ви биде силна страна и ќе ви помогне лесно да останете здрави. Преку летото Јупитер минува во овен, вашата 12-та куќа на лекувањето. Ќе се чувствувате поспани и помалку фокусирани, но со тоа ќе ја подобрите вашата емоционална состојба.
БЛИЗНАЦИ
Љубов
Сатурн, планетата на созревањето ќе престојува три години во вашата 5-та куќа на романсата, а истовремено Плутон се наоѓа во третата година од своето патување во вашата 8-ма куќа на интимноста. Тоа значи дека израстувате на љубовен план. Ќе разберете која е разликата помеѓу сексот и љубовта и ќе ги оставите во минатото сите стравови поврзани со интимноста. Вашето разбирање за љубовта еволуира од романтична љубов во зрела љубов. Од средината на септември до крајот на декември, Јупитер и Уран ги здружуваат своите сили во риби – вашиот сектор на татковството и мажите. Размислете подобро за вашата врска со татко ви или некоја друга важна машка личност во вашиот живот. Време е да созреете и да започнете да гледате на него како на пријател.
Пари
Оваа година можеби е една од најсреќните ваши години, исполнета со многу успех на професионален план. Јупитер и Уран поминуваат поголем дел од годината во риби, вашата 10-та куќа на славата и постигнувањата. Некои близнаци ќе го достигнат врвот на својата кариера, а други пак успешно ќе започнат кариера во нов правец. Ако случајно се имавте откажано од постигнувањето на своите соништа, сега е време да си ги вратите сите амбиции и со полна сила да работите да ви се исполнат, затоа што резултатите нема да изостанат. Во текот на летото, Јупитер и Уран ќе се наоѓаат во овен, вашата 11-та куќа на групите и социјалните активности, па препорачливо е да се занимавате со онлајн бизнис или да се вклучите во некоја хуманитарна организација. Многу важна дата за вашата кариера е 11 јули. Тогаш може да најдете нови извори на приходи.
Здравје
Придржувањето кон рутина не е ваш омилен начин на живот, затоа што постојано трагате по спонтаност и варијации. Оваа година ќе забележите огромен напредок ако го поедноставите вашиот живот и се придржувате кон дадена структура. Можете да најдете нов креативен стил на живот и да ги научите најблиските да го прифатат и тие. Многуте обврски ќе ве „проголтаат“ ако не најдете начин да се организирате. Само кога вашиот мозок не е пренатоварен можете да се посветите на лекување на вашето тело. Редовно одете на прошетка со ваш пријател или пријателка за да можете да соберете енергија и истовремено да ја подобрите својата кондиција.
РАК
Љубов
Ви претстои интересна година. Јупитер ќе ја помине половина година во риби, вашата 9-та куќа на патувањата, образованието и авантурите. Повеќе нема да чувствувате голем комфор во својот дом, па почесто ќе сакате да поминувате време надвор од него. Тоа е добра вест, затоа што ќе ви се пружи можност да излезете надвор во светот подготвени да се соочите со сè што ќе се најде пред вас. Потрагата по авантура ќе ви донесе контакти со многу нови интересни луѓе. Ќе го промените својот став и своето гледање на врските и партнерствата. Важно е да знаете дека постојат 3 личности во вашиот љубовен живот – вие, тој и вашата врска, која исто како и вас има свој карактер и индивидуалност. Треба да бидете внимателни во вашиот љубовен живот од 8 октомври до 7 ноември. Можно е да разберете некоја вест или директно да стапите во контакт со вашиот бивши. Внимавајте, затоа што може да влезете во драматична расправија со вашиот сакан.
Пари
Ќе бидете желни за знаење и авантура и спремни да истражувате нови можности. Обидете се да имате флексибилно работно време за да можете да се здобиете со нова диплома или да се грижите за семејството. Марс се наоѓа во лав, вашата 2-ра куќа на парите и работата сè до јуни. На 10 март тој започнува ретроградно (обратно) движење и тоа кај вас ќе предизвика финансиски стрес или ќе бидете поврзани со проект кој бара многу енергија и посветеност. Но, кога Марс повторно ќе се врати во директно движење, ќе се појават нови возбудливи можности за вас. Од 7 април до 22 јули, Сатурн се наоѓа во Девица, вашиот сектор на комуникациите. Обрнете внимание на вашите способности за јавно говорење или започнете да се занимавате со политика. Уран и Јупитер се наоѓаат во овен, вашата 10-та куќа на кариерата, од јуни до септември. Ова ќе ви биде највисоката точка за оваа година на професионален план. Очекувајте унапредување или преземање на некоја лидерска позиција.
Здравје
Нема да имате желба да се затворите во фитнес сала, па најдобро е да се насочите кон активности кои се практикуваат на отворено. Трчањето или возењето велосипед се идеален избор за вас. Ќе имате неверојатен апетит и потребно е да внимавате на храната која ја консумирате. Обидете се да се насочите кон здрава исхрана. Некои штетни пороци ќе треба да ги исфрлите од вашиот живот.
ЛАВ
Љубов
Иако сите знаат дека вие сте динамичен знак кој не седи затворен, оваа година ќе сакате да имате повеќе приватни интимни моменти. Во текот на 2023 година Јупитер се наоѓа во Риби, вашата 8-ма куќа на интимноста, сексот и длабоките интензивни емоции. На Јупитер му се придружува и Уран, па заедно ќе влијаат врз вашиот приватен живот. Ќе знаете што точно сакате од партнерот и нема да се срамите да го побарате. До јуни, Марс се наоѓа во лав и тоа ќе придонесе да заборавите целосно на срамежливоста. Бракот, разводот, бременоста и живеењето заедно се влијаат во голема мера од вашата 8-ма куќа. Секој од овие важни чекори може да стане реалност во текот на оваа година. Ако имате повеќе пари, можете да се насочите кон инвестирање во имот покрај вода, каде што ќе се одмарате и ќе заборавате на стресот.
Пари
Мирното седење воопшто не е во ваш стил, но сега планетите ве учат на дисциплина. Барем за кратко ќе заборавите на вашето его и ќе се концентрирате само на остварување на целите. Ќе разберете дека ако сакате успех, ќе треба силно да работите. Од средината на април до средината на мај, Меркур, планетата на комуникацијата, се движи ретроградно во вашиот сектор на кариерата. Тоа ќе предизвика судир со претпоставен или напнатост во односите со колегите. Избегнувајте да донесувате важни решенија на професионален план во текот на овој период. Од јуни до август, Уран и Јупитер се во овен, вашата 9-та куќа на среќата, претприемништвото и богатството. Ќе бидете љубопитни и ќе истражувате нови можности. Може и да се вратите на училиште или да создадете креативни начини за комуникација во вашата фирма.
Здравје
Ако сте пушач, најдоброто време за да се откажете од таа штетна навика е почетокот на годината. Со секој успех, мал или голем, вие ќе се полните со самодоверба и енергија. Бидете убедени дека е лесно да им се спротивставите на пороците. Со Јупитер и Уран во вашата 8-ма куќа, ќе сакате сè во вашето тело да функционира како подмачкано. Поголемата консумација на течности и хранењето според крвната група можат да ви помогнат да ги постигнете вашите цели во врска со тежината.
ДЕВИЦА
Љубов
На љубовен план ви претстои интересна година. Јупитер и Уран ќе поминат поголем дел од 2023 во Риби, вашата 7-ма куќа на сериозните врски. Во овој период можно е да започнете врска на растојание. Ако сте во здрава врска, ова е идеална година да патувате или да одите на курсови заедно со вашиот партнер. Од друга страна, ако мислите дека вашата врска се исцрпела, сега е време да ѝ ставите крај и да продолжите. Девиците со статус сингл може да започнат врска со некој од друга држава или друга националност. Во периодот од 7 април до 27 мај, ќе почувствувате потреба да си создадете емоционална тврдина и да не допуштате никого до вас, дури ни вашиот партнер. Тоа е единствениот лош период кога станува збор за вашиот љубовен живот. За да не дојде до тоа, во текот на пролетта внесете повеќе страст во вашата врска и отворено и директно барајте сè што ви е потребно од партнерот. Само така на крајот нема да го обвинувате дека тој не ве прави среќни. Преку летото очекувајте подобрување на љубовен план, а потоа во поладните месеци очекувајте динамика и разновидност.
Пари
Ако мислите дека досега сте штеделе, се лажете. Присуството на Сатурн во вага, вашиот сектор на парите и работата, ќе ве научи што е тоа живеење со низок буџет и штедење. Дури и ако заработувате многу, потребно е да научите да ги цените парите. Во текот на летото, Јупитер и Уран ќе ја посетат вашата 8-ма куќа на богатството. Одлична идеја е да започнете да планирате долгорочно. Инвестициите во недвижности може да ви донесат печалба. Сопствениците на свој бизнис ќе добијат финансиска помош од банка или поголем инвеститор. Годината ќе ви заврши со успех. Особено важна е датата 21 декември. Тогаш ќе видите колкав просперитет сте направиле на професионален план.
Здравје
Присуството на Марс во вашата 12-та заспана куќа ќе ви донесе недостиг на енергија во почетокот на 2023 година. Во овој период може да имате напнати соништа, затоа што вашата потсвест ќе биде во конфликт. Бидете внимателни да не ја апсорбирате негативната енергија и нервозата од другите околу вас. Најдобар начин да го одржите вашето здравје е да следите константни навики. Поедноставете го вашиот живот и обрнете им повеќе внимание на приоритетите.
ВАГА
Љубов
Ако минатата година ја оценувате како забавна, оваа нема да го продолжи тој тренд. Време е да се зафатите за работа и скоро и ќе немате време да мислите за љубов и романса, особено во првата половина на 2023 година. За среќа, работите на љубовен план ќе се подобрат во текот на летото. Од јуни до септември, Јупитер и Уран ќе се сретнат во овен, вашата 7-ма куќа на друштвеноста. Може да запознаете некој специјален онлајн, додека патувате или на најнеочекуваниот начин на најнеочекуваното место. Вагите кои се во сериозна врска или брак најверојатно ќе планираат романтично патување, кое што ќе ја зацврсти нивната врска. Ако имате чувство дека цело време привлекувате погрешна личност, тоа е поради присуството на Нептун во вашиот романтичен сектор. Тој ќе остане таму уште две години, па не е лоша идеја пред да го отворите срцето пред некого, да го проучите малку неговото минато. Кон 23 септември може да бидете нефер во однос на вашиот партнер, затоа што поради несогласувањата во вашето семејство, ќе го истурите целиот гнев врз него. Во текот на ноември може да обновите врска со некој ваш бивши.
Пари
Оваа година ќе ја посветите на работата. Првата половина на 2023 и потоа периодот од септември па до крајот на годината, ќе имате чувство дека работата е единственото нешто во вашиот живот. Јупитер и Уран се наоѓаат во риби, вашата куќа на организацијата и дневните активности. Не претерувајте со работата. Фактот дека можете да постигнете сè, не значи дека е добра идеја да го правите тоа. Мора да станете експерт во вашата област. Можно е да добиете унапредување во работата и потоа да се најдете сред купишта обврски и задачи кои не знаете како да ги решите. Не се откажувајте. Ако ви е потребна обука, не се плашете да ја побарате. Најголемиот успех во оваа година можеби ќе ви се случи на 11 јули.
Здравје
Во текот на оваа година ќе бидете особено здрави и во убава форма. Присуството на Јупитер во Риби, вашиот сектор на добросостојбата, ќе ви го овозможи тоа. Уран и Јупитер во поголемиот дел од годината ќе бидат заедно во риби, па тоа ќе ви донесе енергија и пресврт во начинот на живот. Уран е владетел на технологијата и науката, па голем дел од информацијата поврзана со вашето здравје ќе ја добивате онлајн. Ако сакате да се ослободите од некоја зависност, најдобриот период за да го направите тоа е од 7 април до 22 јули. Препорачливо е да се занимавате со пилатес или јога.
ШКОРПИЈА
Љубов
Во изминатата година се чувствувавте малку осамено, но 2023 ќе ви биде исполнета со забава и смеа. Јупитер и Уран се наоѓаат во Риби, вашата 5-та куќа на романсата, игрите и креативноста. Луѓето ќе започнат да ја гледаат вашата весела страна и ќе биде особено интересно за сите. Љубовта не мора да биде нешто во кое што треба да се вложува напор. Вие толку многу сте се обидувале да работите на својата врска, што заборавивте како е да се забавувате без грижи. За среќа, тоа сега ќе се промени. Шкорпиите со статус сингл ќе бидат во добро расположение за флерт. Тоа нема да остане незабележано од спротивниот пол. Бременоста може да ви дојде како гром од ведро небо, особено во последните 3 месеци на годината. Мали несогласувања со партнерот може да се појават од средината на април до средината на мај. Но, сè ќе заврши добро, затоа што и двајцата ќе вложите дополнителен труд да ги разјасните сите недоразбирања. Крајот на годината ќе ви донесе романса во изобилие.
Пари
Марс се движи ретроградно во лав, вашиот сектор на кариерата, до 10 март. Вашиот напредок на професионален план ќе се движи со побавно темпо. Ќе развиете директен стил на комуникација. Обидете се да не ја прикривате и заобиколувате вистината. Од март до јуни, Марс е во директно движење во лав, а тоа ќе ви донесе возбудлива промена и нови можност да се искачите во хиерархијата. Од јуни до септември, Јупитер и Уран ќе бидат во овен, вашата 6-та куќа на организацијата. Наеднаш ќе бидете преплавени со безброј задачи, па добра идеја е да не се пренатоварувате и да побарате помош од друг колега.
Здравје
Започнете да се грижите за своето здравје од внатре кон надвор. Главоболката може да е резултат на преголемиот стрес или на вашата совест која постојано работи. Затоа, најважно е да имате внатрешен мир. Од јуни до септември, Јупитер и Уран се наоѓаат во овен, вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Ова е одличен период за конечно да го направите вежбањето дел од вашето секојдневие.
СТРЕЛЕЦ
Љубов
Вашата планета владетел, Јупитер, ќе го помине поголем дел од годината во Риби, вашиот сектор на домот. Некои од вас ќе сакаат повеќе да се приврзат кон своето семејство, додека други пак, ќе направат промени во структурата на семејството (купување на нов дом, создавање свое семејство, преселба во нова држава). Четвртата куќа, каде што се наоѓаат Уран и Јупитер, е владетел на жените, па оваа година особено ќе ја цените врската со некоја важна женска личност. Исто така големо внимание ќе ѝ обрнете на својата женствена страна. Марс ќе ја помине првата половина на годината во лав, секторот на далечните патувања, па тоа е одличен период за романтични патувања. Врска со личност од друга држава ќе внесе многу страст, забава и нестрпливост во вашиот живот. Од јуни до септември, Јупитер и Уран се во овен, вашата 5-та куќа на страста. Целиот ваш поглед на љубовта ќе се промени. Ќе сфатите дека понекогаш е подобро да се препуштите на забавата, без премногу да се трудите да изградите силна врска. Кога планетата на љубовта Венера ќе започне да се движи ретроградно, од 8 октомври до 18 ноември, ќе излезат на површина искрени признанија од ваша страна или од страна на вашиот партнер. Искористете го тој период за да ги расчистите сите сомневања и да си ја вратите довербата во врската.
Пари
Навистина е важно да се запрашате дали ви плаќаат онолку колку што вредите и дали ја имате работата што ја сакате. Нема ништо полошо од тоа да си ја загубите мотивацијата. Марс ќе ја посети вашата 9-та куќа и ќе остане таму до јуни, а тоа ќе придонесе да зачестат вашите патувања или да го надградите вашето образование. До 10 март движењето на Марс ќе биде ретроградно, па бидете внимателни при влегувањето во нови зделки и секогаш одете по веќе проверен пат. Особено значајни датуми за оваа година се 15 јануари и 26 јуни. Тогаш ве очекуваат нови можности на работното место или понуда за нова работа. Од 7 април до 22 јули, Сатурн се наоѓа во Девица, вашата 10-та куќа на кариерата и лидерството, па најверојатно ќе треба да се покажете пред шеф кој бара премногу од вас. Избегнувајте потпишување на договори од 20 август до средината на септември.
Здравје
Иако вие си мислите дека можете да продолжите да живеете активно без да се грижите за себе, вашето тело не мисли така. Оваа година треба да се ставите на чело на своите приоритети. Негувајте се и обидете се секогаш да се чувствувате задоволни. Но, внимавајте на емоционалното прејадување. Фитнесот ќе треба да го применувате почесто, особено во втората половина на годината.
ЈАРЕЦ
Љубов
Вашата година ќе започне со љубов. Затемнувањето на Месечината на 31 декември во рак, вашиот сектор на романсата, ве извади од вашата комфорна зона. Во почетокот на 2023 можни се разделби или пресвртни точки во вашата врска. Старите рани може да излезат на површина кога Меркур ќе започне да се движи ретроградно во бик, од 18 април до 11 мај. Некој бивши може да посака да се врати во вашиот живот. Пред да донесете какво и да било решение, размислете два пати дали заслужува да му дадете втора шанса. Во првата половина на јули очекувајте убав почеток со некоја специјална личност. Ќе го отворите пред него своето срце и ќе ризикувате да бидете повредени. Но, понекогаш тоа е добро. Не можете секогаш да ја имате контролата во своите раце. Можеби тоа ќе биде тест колку му верувате и колку можете да му верувате на својот партнер. Подобро е тие работи да ги знаете колку што може порано, пред премногу да навлезете во врската.
Пари
Сатурн ќе ги помине наредните три години во вашата 10-та куќа на кариерата и амбициите. Од ноември 2023, вашата работа бара повеќе енергија и посветеност, а тоа придонесе вие да ги промените своите приоритети. Може и да го смените работното место или да добиете нова титула, но со тоа ќе дојде и повеќе работа. Во овој период најдобро е да не преземате ништо, пред да направите силен план. Некои јарци ќе поминат неколку месеци од годината без работа. Тоа ќе им даде доволно време да размислат дали кариерата што ја избрале ги задоволува нив или другите луѓе. Со Јупитер и Уран во вашата 3-та куќа на комуникацијата, можно е да создадете веб сајт или свој блог, за да ги промовирате своите способности. Ако имате свој бизнис, освежете го своето лого и рекламните материјали.
Здравје
Стресот од промените кои ќе ви случат оваа година може да ве истошти, па затоа треба особено да внимавате на своето психичко и физичко здравје. Ќе бидете склони да анализирате сè, дури и тогаш кога воопшто нема потреба да размислувате за некои краткотрајни настани кои немаат апсолутно никакво значење за вас. Смирете ги вашите нерви со читање, пишување или разговори со пријателите. Во првата половина на годината препорачливо е да се храните здраво и со храна која нема да го натоварува желудникот. Јадете повеќе овошје и пијте многу сокови, особено наутро. Ако сте постојано уморни, проверете си го нивото на железо во организмот.
ВОДОЛИЈА
Љубов
Со присуството на Марс во Лав, вашиот сектор на обврзувањето, вашата врска ќе биде полна со страст, а ќе има и неколку расправии кои само ќе ги расчистат недоразбирањата помеѓу вас и вашиот партнер. До 10 март Марс се движи ретроградно, па во овој период особено е значајно да можете да застанете и да го ислушате својот партнер. Можно е да слушнете вест поврзана со ваш бивши. Некои Водолии ќе ѝ се вратат на некоја стара љубов. Самодовербата, која кај вас сè повеќе нарастува, ќе придонесе да правите поумни избори кога станува збор за вашиот љубовен живот. Од почетокот на април до средината на летото треба да се посветите на тоа да остварите вистинска и пред сè искрена врска со својот сакан. Вашата изразена индивидуалност нема да ви дозволи лесно да го заборавите своето „јас“ и целосно да се насочите кон врската. Затоа, може да создадете растојание помеѓу вас и вашиот партнер, но за да го направите тоа безболно, не треба да ја преминете границата.
Пари
Ова е една од вашите најсреќни години кога станува збор за пари. Јупитер и Уран поминуваат поголем дел од годината во риби, вашата 2-ра куќа на парите и кариерата. Технологијата може да има огромно влијание врз вашата кариера. Ако мислите дека компјутерските способности не ви се на потребното ниво, не двоумете се да ги надградите. Доколку сакате да живеете со поголем буџет, прво направете си сметка дали ви се исплаќа, па дури откако ќе бидете сигурни дека можете да ги покривате сите расходи, опуштете се. Од април до јули може да дојде до флуктуации во вашите приходи. Затоа бидете внимателни колку трошите. Ако сакате да се занимавате со продажба или купување на имот, најдобро е да не брзате и да почекате барем до почетокот на есента.
Здравје
Време е да се погрижите за себе, затоа што во спротивно стресот и вознемиреноста може да достигнат критично ниво. Создајте си нов начин на живот и придржувајте се до него. Само така ќе успеете да ги одржите вашето тело и дух здрави. Врската помеѓу вашето тело и духот ви е силна, па не дозволувајте да го нарушите балансот кој сте го постигнале. Не ги игнорирајте ниту малите симптоми. Превентивата е многу важна. Внимавајте на имуниот систем.
Риби
Љубов
Време е да прославите, затоа што една од најтешките години веќе е зад вас. Наредните три години имаат големо значење за вашиот љубовен живот, бидејќи ќе ја постават основата за создавање на сериозна врска. Сатурн се наоѓа во вашата куќа на интимноста до 2023 година и тоа ќе ве принуди да созреете и да застанете зад своите мислења и верувања. Ќе сакате да внесете рамнотежа во врската. Ако настане тензија помеѓу вас и вашиот сакан, тоа е резултат на целиот процес на промени низ кој што минувате. Со Јупитер и Уран во риби, вашиот живот минува низ турбулентен период. Вашиот партнер ќе се прилагоди на тоа, само му е потребно време. Ќе има тешки моменти (7 април до 22 јули), кога ќе мислите дека на сè му дојде крај, но на овој начин всушност ќе ја тестирате силата на вашата врска. На 11 јули ќе се разбуди вашата страст и ако сте со статус сингл, ќе можете да влезете во летна авантура. Околу оваа дата може да останете бремена или да чуете вести за нечија бременост.
Пари
Вашата мисија оваа година е да дознаете кои се вашите вистински желби и да ја изградите својата кариера околу нив. Од јуни до септември, Јупитер и Уран се наоѓаат во овен, вашата 2-ра куќа на парите и работата. Ве очекуваат интересни и возбудливи нови можности, поврзани со работата. Може да добиете понуда за работно место во друга држава или за деловно патување. Внимавајте со големите инвестиции и со позајмувањето на пари. Ако работите во тим, бидете претпазливи особено од почетокот на годината до средината на март. Некоја вашата брилијантна идеја може да биде отфрлена или одложена поради тоа што технологијата нема да може да помогне во нејзиното реализирање. Во никој случај не останувајте само на таа идеја. Истражувајте и бидете инвентивни.
Здравје
Минатата година постојано се чувствувавте како да немате доволно сила, но затоа оваа година ќе ја започнете полни со енергија. Сепак, не треба премногу да се опуштите и да се обидувате да направите сè одеднаш. Правете ги работите полека, полека. Не заборавајте постојано да внимавате на своето психичко и емоционално здравје. Крајот на мај е одличен период за закрепнување. Ако имате некаков здравствен проблем, закрепнувањето ќе биде побрзо во тој период. Внимавајте на мрсната храна – совет кој многу пати го слушате, но малку го применувате.