Кралицата Елизабета Втора за прв се појави во јавноста со апарат за слушање. Апаратот во ушната школка на кралицата го сликале фотографите на британските медиуми, а на социјалните мрежи се шегуваат дека таа сака ништо да не пропушти на денешниот семеен состанок со принцовите Чарлс, Вилијам и Хари кој најави повлекување од кралските обврски. Истовремено Меган Маркл кој е во Канада ќе се вклучи во состанкот преку видео линк.
Инаку, кралицата има 93 години и како што наведуваат британските медиуми носи слушен апарат за лица со сериозни оштетување на слухот.