Речиси и да не постоел настан на кој Венсан Касел не се појавил со својата 31 години помлада сопруга Тина Кунаки.
Нивната појава отсекогаш предизвикувала големо внимание поради тоа што актерот е многу постар од својата поубава половина.
На Модната недела во Париз, Тина неодамна се појавила сама во прекрасно издание, по што почнале шпекулациите за нивниот однос. Многумина помислиле дека парот повеќе не е заедно, но и дека разликата во годините станала сè поочигледна.
Шпекулациите не престанале, а на сите дополнително им влева сомнеж тоа што Венсан на премиерата на серијата во Париз бил во друштво на колешката Ева Грин.
Јавноста забележала дека актерот со својата сопруга сè поретко се појавува на јавните места, меѓутоа други назнаки дека во нивниот однос нешто не е во ред нема.
Инаку, парот се венчаше во 2018 година, а круната на љубовта е ќерката Амазонија.
Тие двајца како пар никогаш не биле попривлечни, а коментарите дека Касел покрај младата Тина изгледа како старец се сè погласни.