Џорџо Армани е легендарен италијански моден дизајнер кој го создаде еден од најпознатите и најпочитуваните модни брендови во светот. На прагот на десеттата деценија живее максимално и моментално ужива на Ибица со пријателите, а деновите ги минува пловејќи со својата јахта по морето, далеку од љубопитните луѓе на прекрасните плажи на познатиот шпански остров.
Иако на 11 јули наполни 89 години, славниот Италијанец покажува дека во неговиот случај годините се само бројка, и дека сепак има сила и волја за се што го исполнува и го прави среќен и задоволен.
Тој ја основа својата компанија Армани во 1975 година, а во 2001 година го доби признанието за најуспешен италијански дизајнер. Иако пораснал во скромни околности, неговата страст за модата била силна и се развила многу рано.
Џорџо Армани е роден во индустрискиот град Пјаченца во северна Италија, каде што израснал со својот брат и сестра. Потоа Арманиеви се преселиле во Милано во 1949 година. Џорџоучел во медицинско училиште две години, но се откажал во 1957 година за да работи како продавач [1] во стоковната куќа Ла Ринасенте, каде што работел седум години. Покрај тоа, тој, исто така, работел како моден дизајнер за Hitman и компанијата за машка облека Nino Cerruti. Во 1970 година, тој стана хонорарен креатор со цел да собере доволно искуство за да основа своја компанија со својот партнер Серџо Галеоти.
Нивната цел била да создадат облека која ќе биде елегантна, удобна и луксузна, но достапна за пошироката публика. Неговиот минималистички стил, во комбинација со врвни ткаенини и внимателно кроење, ги освои срцата на многумина.
Во текот на осумдесеттите и деведесеттите, Армани стана синоним за луксуз и елеганција. Неговите креации станаа омилени меѓу познатите и холивудските ѕвезди, кои често ги носат неговите фустани на црвениот тепих и специјалните настани.
Денес, Џорџо Армани е повеќе од обичен дизајнер. Стана икона и глобален бренд, чија палета на производи вклучува облека, парфеми, накит, козметика, луксузни часовници и мебел. Неговото лого „Армани“ е препознаено низ целиот свет и е симбол на престиж и беспрекорен стил.
На прагот од 90. година, Армани продолжува да го води својот бренд, оставајќи неизбришлива трага во светот на модата. Неговата упорност, талент и визија го направија икона и инспирација за многумина. Неговата филозофија „помалку е повеќе“ останува основен принцип на многу дизајнери денес, што засекогаш го промени модниот свет.
Отсекогаш верувал дека следните 3 навики прават жената да изгледа постаро
„Да се биде елегантен не значи да бидеш впечатлив, значи да бидеш запаметен“, постојано истакнува.
1. Несоодветната нега на лицето и телото може да направи жената да изгледа постара отколку што навистина е
На пример, сувата кожа може да направи лицето и рацете да изгледаат позбрчкано. За да го избегнете ова, треба да посветите доволно време и внимание на негата на кожата.
2. Начин на облекување
Ако жената носи застарена облека, тоа може да остави впечаток дека не може да се прилагоди на модерната реалност. Спротивно на тоа, ако се облекува како тинејџерка во 50-тите или 60-тите години, тоа сугерира дека таа одбива да ја признае вистинската возраст.
За да се избегне ова, жените треба да обрнат внимание на модните трендови и да изберат облека која одговара на нивната возраст, стил и фигура. Важно е да се запамети дека модата не е само облеката, туку и аксесоарите, чевлите и фризурата, но што е најважно, тоа е и внатрешно чувство.
– Ми велат дека изгледам 20 години помладо. Често ме прашуваат која е мојата тајна. Голем дел од заслугата е поради генетиката, таа е наследна. Мајка ми почина на 90 години, и тогаш изгледаше како да има 65. Се надевам дека така ќе биде и во мојот случај. Станува збор и за самоконтрола: не останувајте до доцна, не пијте премногу, не пушете. Мора да се разберете себеси и да се справите со сопственото внатрешно јас, вели Армани.
3. Недостигот од физичка активност е уште една навика која зрелата жена може да ја претвори во старица
Ова може да доведе до лошо здравје и кондиција. За жал, често се алудира на тоа дека жените одат во теретана само за машко внимание. Толку е погрешно, жената има право да се грижи за себе.