Глумицата Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот. Оваа 55-годишна убавица деновиве ужива во Париз каде е во тек Модната недела. Таа присуствуваше на ревијата “Alexandre Vauthier Fashion Show” и како и секогаш, со својот изглед го привлече вниманието на многу љубопитни очи.
Со скратена коса актерката реши за оваа пригода да биде во црна облека. Моника носеше црна свилена кошула, црни длабоки панталони, како и црна јакна со пошироки џебови. Таа комбинацијата ја надополни со црни чизми, но и со мала црна чанта, како и ѓердан со сребрена боја.
На актерката на Модната недела не и правеше друштво момчето Николас Лефебвре (36), со кого е во врска од 2018 година.
Инаку, интересно е што Моника Белучи кариерата ја започна како модел на “Долче и Габано“ и “Диор“ пред да се префрли на актерството.