Момче е тешко повредено кога било нападнато од глутница кучиња на плажата во Махачкала на брегот на Каспиското Море.
Малото момче, чиј идентитет не се открива, е снимено како бега од десетина кучиња, кои додека трча, му ги гризат нозете.
Грозоморниот напад се случил завчера, а сѐ е снимено од случајни минувачи кои биле на патот над плажата.
На видеото се гледа како детето се сопнува додека се обидува да избега од глутницата. Во следниот момент момчето истрчува во вода, надевајќи се дека кучињата нема да го следат. Токму овој потег му го спасил животот.
Детето е хоспитализирано по нападот.
Како што се наведува, надлежните излегле на терен за да ги фатат кучињата од глутницата. За жал, по вакцинацијата и стерилизацијата, кучињата ќе бидат пуштени повторно на улица.