Македонската глумица Јелена Јованова-Периќ деновиве одмора на Јадранот.
Таа објави и фотографии како се сонча и позира на зајдисонце на плажа. Популарната актерка е позната по тоа што ретко споделува приватни фотографии, но едвај го дочека летото за првпат да објави стори во бикини.
Инаку, Јелена живее веќе неколку години во Загреб со своето семејство. Таа се породи со Јаков во 2020 година, во време на пандемијата со коронавирусот.