Популарната Чупка од серијата “Породично благо“, српската актерка Мина Лазаревиќ преживеела вистинска семејна драма откако нејзиниот втор маж, балетанот Горан Станиќ додека биле во брак ја претепал.
Мина се мажела два пати. Со првиот сопруг, џез музичарот Александар Милетиќ, го има синот Лука и е во корекни односи. Тие често се гледаат и се договараат околу Лука.
‘ Секогаш од него имам поддршка“- откри Мина во едно интервју.
(фото: Г. Срданов)
Со вториот маж Гора Станиќ, во 2015 година, еден ден се скарале. Потоа дошло до физичка пресметка, а во еден момент тој запукал со пушка, по што комшиите повикале полиција. Мина била претепана, а балетанот бил обвинет за семејно насилство, за чување оружје и предизвикување општа опасност.
Од овој брак актерката има две деца, ќерката Ива и синот Марко.