Моника Белучи ја краси септемвриската насловна страница на шпанското издание на магазинот Harper’s Bazaar, а италијанската дива на новите фотографии го одзема здивот.
Таа покажа исклучително вита става, послаба од порано, во неколку многу елегантни комбинации.
Моника позираше во гламурозен црн фустан со тул и црни туфни, а потоа во комбинезон од тантела над кој носи долг капут.
Белучи во септември полни 59 години, но и понатаму маѓепсува со својата грациозност и харизма, а дефинитивно важи за една од најубавите жени на светот.