Американската глумица и модел Каприс Бурет позираше гола во знак на поддршка за Украина. Таа ги објави фотографиите, на кои имаше напишано само „е**ш војна“. Со оваа порака таа рече дека сака да ги потиикне луѓето да расправаат и да го искажат своето мислење на социјалните мрежи.
„Кога ги објавив овие фотографии на „Инстаграм“, некои одма ги тргна. Денес повторно ги објавив. Се чувствувам многу силно поради пораката која ја напишав. Овие фотографии се провокативни, а пораката е многу силна. Го направив тоа намерно за да ги поттикнам луѓето на разговор. Општеството ја има оваа моќна платформа за комуницирање со светот, за промоција за мирот и притискање на оние кои ги носат одлуките во наше име. Интернетот и социјалните мрежи ни овозможуваат слобода на говор“, рече Бурет.
„Преку социјалните мрежи можеме да обликуваме перспектива и мислења. На хуманитарно ниво тоа е срцепарателно. Видов ужасни фотографии овде. Злото и недостатокот на почит се дискутабилни. Ако ја погледнете историјата, ова е многу застрашувачко и сите нас можеме да нѐ вмеша на повеќе нивоа. Сите ние кои храбро демонстрираме во Русија можеме да добиеме 15 години затвор… Мораме да ја прекинеме оваа бесмислена војна. Не сакаме војна, сакаме мир!“, го завршила Каприс своето излегање, кревајќи го средниот прст на една од фотографиите.
Каприс постојано ги повикува своите следбеници да донираат што било за да им помогнат на несреќните Украинци. Но и таа прави сѐ за да им помогне што е можно повеќе. Така, Каприс неодамна отишла да купува намирници, што јасно им дала до знаење и на своите следбеници на социјалните мрежи.
„Многу љубов и поддршка за Украина. Отидов да купам намирници за помош на народот во Украина“, рече Буре и доби голем број убави и пофални коментари од фановите.
„Ти си таква инспирација. Прекрасно е да видам како некој дава поддршка сгеа. Најдобра си, тоа така се прави“, и напишаа некои од нив.