На глумицата Селма Блер пред скоро една година ѝ беше дијагностицирана мултипла склероза. Таа за својата борба со тешката болест зборуваше јавно, а сега признала дека ѝ се намалуваат опциите за ублажување на болката поради состојбата во која се наоѓа.
„Средствата за ублажување на симптомите не помогнаа и се чувствувам многу лошо поради тоа“, изјавила таа.
Во потрага по лек препорачано ѝ било пресадување на мтични ќелии, но и агресивна хемотерапија за да се обноват нејзините ќелии.
„Реков дека не сакам да го правам тоа, затоа што не сакам да го уништам своето тело. Зошто во своето тело да ставам таков вид дрога, хемотерапија? Па немам рак“, рекла Блер која подоцна сепак земала мала доза хемотерапија пред да ѝ бидат пресадени матичните ќелии.
Таа додала дека веднаш почувствувала олеснување.
„Докторите ми рекоа дека треба да се подготвам за својата смрт. Му го кажав тоа на мојот син кој кажа дека сака да ме кремираат“ – изјавила глумицата.
Порачала дека сега чека да ѝ порасне косата која ѝ опаднала поради хемотерапијата, но дека тоа што нема коса не ѝ пречи многу.
„Важно ми е само да сум што подолго покрај својот син“, рекла Селма.