Популарната актерка Пенелопе Круз синоќа на 59-от Њујоршки филмски фестивал со екипата на продуценти и колеги позирала на црвениот тепих, а вечерта била главна ѕвезда поради филмското остварување „Madred paralelas“ на Педро Алмодовар со кој на Филмскиот фестивал во Венеција однесе престижна награда.
Круз била во елегантен стил, односно носела креација на „Chanel“ во која изгледала како милион долари.
Овој необичен црн фустан се состоел од чипка и суптилен шлеп, а комбинацијата привлекла внимание кај присутните.
Пенелопе со овој стајлинг носела едноставни црни сандали и кристални обетки за да привлече внимание со несекојдневниот крој на моќниот фустан.
Сличен модел во текот на фестивалот во Венеција носела и Адријана Лима, но манекенката одлучила тоа да биде ефектно, односно да носи црвен фустан.
Comments are closed.