ГЛУМЕШЕ ВО ПОЗНАТА СЕРИЈА: Што наследи правнуката на Тито од него? (ФОТО)

by Тони Зографски

Семејството на некогашниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито не се појавува често во јавност. Но, неговата правнука Сара која е активна на Инстаграм, но и во светот на уметноста, стан вистински хит во регионот.

Сара Зидариќ (25) е ќерка на внуката на Тито, режисерката Саша Броз која ја доби во бракот со познатиот хрватски глумец Рано Зидариќ.

Како и своите родители и Сара се посвети на уметноста. Таа е студент на Академијата за ликовни уметности во Загреб, а минатата година ја имаше својата прва самостојна изложба.  Сара со татко и глумеше и во познатата серија “Наша мала клиника“.  Се труди сама да заработува. Во една прилика изјавила дека од својот татко ја наследила емотивноста, а од мајката силата, која сите во семејството Броз ја имаат.

И покрај разводот на родителите кој се случил кога таа имала шест години, таа често патувала по Европа, бидејќи нејзиниот дедо Мишо Броз, бил дипломат во Египет, Индонезија, Сингапур, Русија и Филипини.

Сара изјавила дека не сака трендови и дека инспирацијата и мотивацијата ја наоѓа во еклектични работи кои и ја провоцираат фантазијата. Моментално, таа е на стручно усовршување во кукларскиот театар во Загреб.

останати вести