Семејството на некогашниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито не се појавува често во јавност. Но, неговата правнука Сара која е активна на Инстаграм, но и во светот на уметноста, стан вистински хит во регионот.
Сара Зидариќ (25) е ќерка на внуката на Тито, режисерката Саша Броз која ја доби во бракот со познатиот хрватски глумец Рано Зидариќ.
Како и своите родители и Сара се посвети на уметноста. Таа е студент на Академијата за ликовни уметности во Загреб, а минатата година ја имаше својата прва самостојна изложба. Сара со татко и глумеше и во познатата серија “Наша мала клиника“. Се труди сама да заработува. Во една прилика изјавила дека од својот татко ја наследила емотивноста, а од мајката силата, која сите во семејството Броз ја имаат.
И покрај разводот на родителите кој се случил кога таа имала шест години, таа често патувала по Европа, бидејќи нејзиниот дедо Мишо Броз, бил дипломат во Египет, Индонезија, Сингапур, Русија и Филипини.
Сара изјавила дека не сака трендови и дека инспирацијата и мотивацијата ја наоѓа во еклектични работи кои и ја провоцираат фантазијата. Моментално, таа е на стручно усовршување во кукларскиот театар во Загреб.