Убавата актерка во центар на скандалот – која е Дафне Џој?
Атрактивната Дафне Џој е актерка и дизајнерка која се прослави со улогите во филмовите „Setup“ (2011) и „Frankenhood“ (2009), по што целиот свет ја знаеше како „девојката на раперот 50 Cent“.
Парот набрзо добил син. Но, многу брзо потоа Дефне го напушта познатиот рапер и започнува врска со неговиот млад колега Џастин Деруло.
Но и оваа врска била кратка.
Потоа Дефне продолжува со својата кариера во шоу бизнисот и прави линија на костими за капење и фустани,, во тој период ја добила и улогата на сирена во блокбастерот „Пиратите од Карибите“.
По неколку години „одмор“, американските медиуми експлодираа со веста дека Дафне наводно сега се занимава со проституција. Тврдењето го изнесе музичкиот продуцент Родни Џонс, кој рече дека Дафне била „вработена“ на раперот Пи Диди и дека добивала месечна плата за да се „интимизира“ со гостите на забавите на Диди.
Дафне остро ги демантираше овие тврдења .