Холивудскиот глумец Метју Меконахи со своето семејство летува во Грција. Според фотките од папараците кои го “уловиле“ актерот кој претходно беше познат по своето совршен тело, очигледно е дека Метју се опуштил.
Тој на плажа е фотографиран со пивски стомак, како се разладувал со пиво во рака на топлото време. Покрај него беше неговата сопруга, манекенката Камила Алвес која носеше бел костим за капење и бела, широка кошула.
Инаку, актерот со манекенката се ожени во 2012 години и имаат три деца.