Случајот со Синди К.(37) од германскиот град Хале на Зале е во центарот на вниманието на медиумите.
Жената, која е глува од раѓање, а живее како потстанар, го изгуби станот откако соседите ја пријавиле дека е „прегласна додека води љубов“, пренесува Билд.
Необичната приказна започнува со жалба на сосед дека Синди наводно „го нарушува редот и мирот“. Ја пријавиле кај сопственикот (Halleschen Wohnungsgesellschaft – HWG).
Компанијата прво ја предупредила жената, а потоа ѝ го откажале закупот. Сепак, тоа не било крај, бидејќи случајот завршил на суд.
Во граѓанскиот спор Синди изгубила, па ѝ било наредено да се исели од просториите.
„Пресудата беше објавена на 9 јануари и донесена три дена подоцна. Од овој датум започнува четиринеделниот жалбен рок“, рече портпаролот на судот.
Во текот на процесот, соседите презентирале „педантна евиденција“ за регистарските таблички на возилата на лицата кои ја посетиле жената.
„Мажите доаѓаа од Целе, Дизелдорф, Хамбург, Харц, Зенфтенберг…“, рече еден од нив.
Новинар на Билд ја контактирал Синди преку СМС и добил одговор:
„Прво се пожалија на куќичката за зајаци, па ја отстранив. Соседите ме следат и кога одам да купувам“, тврди таа.
На прашањето за посетите, таа одговорила: „Немам секс со секој маж што ме посетува“. Продавам многу работи преку Интернет. Но, кога водам љубов, не можам да слушнам колку сум гласна поради мојата попреченост“.
Таа посочува дека пресудата не е правосилна, дека не сака да го напушти станот (во кој живее од 2015 година) и дека ќе поднесе жалба.