Поранешниот телохранител на Слободан Милошевиќ, Горан Пајиќ на гостувањето на српската ТВ Хепи, открива дека Киро Глигоров за време распадот на СФРЈ се договорил со Слободан Милошевиќ Македонија да се најде во составот на нова Југославија.
“Кога во 1995 година беше атентатот на Киро Глигоров, тој неколку дена претходно беше на таен состанок со Слободан Милошевиќ во Белград и се договорија Македонија биде во составот на нова Југославија. Но, очигледно на некого тоа не му одговареше, па беше организиран атентат врз него. За такви работи се одлучува во дел од секунда“, изјави Пајиќ кој 10 години бил во составот на Единиците за обезбедување на Слободан Милошевиќ.
Инаку, атентатот на Киро Глигоров беше извршен на 3 октомври 1995 годин пред хотелот Бристол во Скопје. До ден денеска не се откриени извршителите на атентатот.