Во денешното продолжение на аферата за купопродажба на гласови, новинарот Ларис Гајсер од италијанскиот весник „Ла верита“, објавува видео од истражување кое се однесува на македонскиот правосуден систем.
Постоечката документација во Обвинителството за борба против организиран криминал во Скопје поседува извадоци од снимени разговори од кои може да се заклучи дека експремиерот Зоран Заев заедно со неговиот брат Вице Заев, зборувајќи отворено на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање гласови, посебно од Ромите кои живеат во Струмица.
“Анализираните документи опишуваат сценарио во кое тогашниот лидер на СДСМ и градоначалник на Струмица, осомничен за изборни измами, се служел со нерегуларни средства за да биде избран во Собранието, за потоа да стане премиер. Гласачите кои одлучиле да соработуваат биле плаќани, за секој глас поединечно, од 10 до 25 евра, во две менувачници раководени една од Вице Заев и една од негов колега. Една од двете менувачници, „Даскал“, е во сопственост на Марјан Даскаловски, кој исто така бил избран за пратеник во Собранието заедно со Заев, и бил претседател на локалниот огранок на СДСМ. Во случај сумата да не била доволна да се убедат граѓаните, се одело и до таму да се понудат градежни матетријали за градење куќи или пак поврзување на домовите со комуналната инфраструктура. Човекот што бил главен за испазареното поврзување со или исклучување од комуналната инфраструктура, оној што ги контролирал вработените во општината е директорот на ЈП Комуналец-Струмица, Зоран Георгиев. Тој, служејќи се со службените ресурси што му биле на располагање, се заканувал или ги казнувал тие што се двоумеле дали да соработуваат при гласањето, а секако ги наградувал оние другите. Во Македонија Георгиев е познат по тоа што бил шеф на сите изборни кампањи на Заев и дека е сопруг на судијката од судот во Струмица, Лорета Георгиева, која во времето на владеењето на Зоран Заев станува член на Судскиот Совет, институцијата која има задача да го контролира работењето и ефикасноста на македонските судии, пишува италијанскиот весник.