Џоан Колинс не се откажува од гламурот ни во деветтата деценија од животот.
89-годишната актерка привлекуваше погледи во долг црн фустан со волуменозни ракави на бал во „The Londoner Hotel“ во Лондон.
Славната холивудска ѕвезда пристигна на свеченоста за рака со 57-годишниот сопруг Перси Гибсон.
Инаку, улогата на Алексис во „Династија“ ѝ донесе на Колинс светска слава во 80-тите години.