Генадиј Онишченко кој е главен санитарен инспектор во Русија, за тамошните медиуми го привлече вниманието со изјавата дека не постои специјален лек за коронавирусот, како што нема ниту за грипот ниту за останатите вирусни инфекции.
Според Онишченко, вакцината може да го подготви телото за борба со вирусот, но тоа не е се. Секој производ кој го јакне имунитетот може да се користи како заштита од Ковид-19.
-Особено лукот штити од коронавирусот. Исто така топлиот воздух е една врста стерилизација и го штити организмот. Се што го стимулира имуниот систем може да се користи – објасни инспекторот кој откри дека дневно јаде по 10 пиперчиња за да го зајакне имунитетот.
“ Ако сте заразени со коронавирусот се што можете да направите е да ги ублажите симптомите на болеста“.
Инаку, според последните податоци, во Русија се регистрирани 199 лица со коронавирус, а 9 се излекувани.