Во неделата во Лондон се одржа доделувањето на престижните БАФТА награди, а по церемонијата одржана е забава на која присуствуваа многу повеќе славни убавици отколку на црвениот тепих.
Особено впечатлив стајлинг имала убавата Русинка Ирина Шајк која уживаше во забава организирана од британскиот Vogue i Tiffany & Co, а на истата забава присуствуваше и нејзиниот поранешен партнер Бредли Купер! Атрактивната Русинка блескаше со своето заводливо издание – комбинираше боди со мрежест фустан во иста боја, покажувајќи ја својата вита фигура и неверојатно тело. Покрај ова, таа носеше и светол накит, а се одлучи да ја истакне својата природна убавина, со тоа што имаше крајно минимална и дискретна шминка.
Инаку, медиумите објавија дека манекенката и актерот на забавата пристигнале одделно и дека не биле фотографирани во ниту еден момент заедно.