Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од УС Опен затоа што го удри линискиот судија со топка во финишот на првиот сет од осминафиналето.
Ѓоковиќ после овој инцидент доби поддршка од многу луѓе, а порака доби и од холивудскиот актер Џејми Фокс.
Актерот ја прокоментирал фотографијата на Новак на Инстаграм, пишувајќи кратко:
–„Глава горе, брату”.
И Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак Ѓоковиќ, го поддржа светскиот рекет број 1.
„Засекогаш со тебе, љубов“, напишала Јелена.