И покрај тоа што над 1.300 вработени според Рамковниот договор седат дома, а со години земаат државна плата, договорите не можат да им бидат прекинати, дури и ако одбијат да работат во некоја од институциите. Ова вчера го изјави првиот вицепремиер Артан Груби.
„Нема законска можност за тоа да се реализира, за жал. Во некои од институциите самите вработени не сакаат да одат, во некои други случаи, институциите не ги прифаќаат затоа што би преферирале нови вработувања. Затоа и најавив усвојување можеби на посебен, специјален закон, само за оваа категорија, со кој би било обврзувачки, и институцијата и вработениот да го прифатат распределувањето“, вели Груби.
Според него, неблагодарно е да се даваат рокови до кога треба тие да бидат работно ангажирани, а тоа што седат дома, не е по нивна вина.