ГИ УКИНУВА СКОРО СИТЕ МЕРКИ ПРОТИВ КОРОНАТА: Израел прва држава што се враќа во нормален живот

by Тони Зографски

Израел денес се подготвува за прв пат да почувствува како изгледа реалноста „по пандемијата“. Имено, властите одлучија да ги укинат скоро сите ограничувања воведени со цел да се потисне ширењето на коронавирусот, по значителното намалување на бројот на нови случаи и потешки случаи.

Од денес, зелените пропусници“ и „виолетовите значки“, кои беа неопходни за граѓаните да се движат или да влезат во објектите, веќе не важат. Затоа, во иднина, јавните институции ќе бидат отворени и за вакцинирани и за невакцинирани.

Повеќе нема да биде потребно да се покажува потврда за вакцинација или дека некој се заразил со коронавирус. Сите ограничувања за влез во настани, продавници и ресторани, меѓу другото, се укинати ….

Сепак, обврската да се носат маски во затворен простор ќе остане во сила, но се верува дека нема да биде долго, пишува Times of Israel, пренесе српски Телеграф. Исто така, обврската за карантин за сите невакцинирани патници кои доаѓаат во Израел останува во сила.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com