Анџелина Џоли (47) поднела противтужба против нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бред Пит (58). Во него таа упатила сериозни обвинувања против поранешниот сопруг. Таа детално го опишала настанот како малтретирање во приватиот авион во 2016 година.
Во тужбата оскаровката упати сериозни обвинувања против поранешниот сопруг.
Џоли детално ја опишала случката која според неа е семејсно насилство кое се случило во приватен авион во 2016 година.
Во тужбата, поднесена во вторникот од адвокатите на славната актерка во Лос Анџелес, се опишува расправија која се случила во авион на 14 септември 2016 година, која наводно довела до нејзино барање за развод неколку дена подоцна.
„Кога едно од децата вербално ја бранело Џоли, Пит му се нафрлил на сопственото дете, а Џоли го зграпчила одзади за да го спречи. За да ја тргне од грбот, Пит ја фрлил назад на седиштетот на авионот притоа повредувајќи ги грбот и лактот на Џоли“, стои во списите доставени до судот па следува:
“Децата брзо се сокриле внатре и сите храбро се обиделе да се заштитат. Пред да заврши, Пит го давел едно од своите деца, а другото го удрил по лицето. Некои деца го молеа Пит да престане. Сите беа преплашени, е опишано во судските документи.
Покрај тоа, за време на „многуте напнати часови“ од летот, се вели дека Пит повремено излегувал од задниот дел на авионот за да им вика и да ги пцуе децата, во еден момент ја поливал Џоли со пиво, а во друг ги поливал децата со пиво и црвено вино. Адвокатите на Пит се уште не се огласиле за овие наводи.