“ГИ СОБЛЕЧЕ ПАНТАЛОНИТЕ И МИ ЈА ТУРНА ГЛАВАТА НАДОЛУ“: Жртвите на порно ѕвездата Рон Џереми изнесоа детали за силувањето

by Тони Зографски

Жените кои ја обвинија порно ѕвездата Рон Џереми за сексуална злоупотреба за прв пат проговорија во нов документарен филм.

Рон Џереми (68) наводно напаѓал и силувал жени и моментално е во затвор и го чека судењето откако се изјаснил за невин по сите точки од обвинението, кои датираат од 1996 година.

Би-Би-Си разговараше со некои од жените кои го обвинија за злосторства во документарниот филм наречен „Рон Џереми: Падот на порно иконата“.

Документарецот конечно излезе и вклучува интервјуа со некои од неговите наводни жртви, како и со поранешни колеги и некои пријатели кои веруваат дека тој навистина ги извршил гореспоменатите злосторства.

Зборувајќи во документарецот, Алексис Бет Милер, поранешна ѕвезда на филмови за возрасни, рече: „Ноќта кога се случи нападот, отидов во ресторан, а во него беше и Рон Џереми.

Кога влегов во тоалетот, тој тргна по мене, ги соблече панталоните и ми ја турна главата надолу“.

“Во деновите по нападот имав физички болки. Ментално целосно потонав. Во тој момент бев само 20-годишна порно ѕвезда. На кого би му било гајле ако воопшто кажам што ми се случи”,кажа Алексис.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com