Поранешниот југословенски репрезентативец во кошарка Милан Гуровиќ синоќа ги претепал сопругата и 16 годишната ќерка. Драмата се случила во стан во Нов Белград.
Во текот на ноќта во полицијата било пријавено дека славниот кошаркар Милан Гуровиќ повеќе пати ги удрил сопругата Тања и малолетната ќерка која има 16 години, пренесуваат српските медиуми.
На местото на инцидентот биле упатени полициска патрола и возило на брзата помош.
Против поранешниот кошаркар на неколку НБА екипи е поднесена кривична пријава поради насилство во семејството.