Кетрин Зета-Џонс ги привлече сите погледи на себе на настан во Лос Анџелес во понеделникот, каде се појави со синот Дилан Мајкл Даглас.
Двајцата присуствуваа на премиерата на National Treasure: Edge of History.
Нејзиниот впечатлив изглед наиде на позитивни реакции во таблоидите. Во некои од нив се појавија наслови: „Добре дојдe во Холивуд, синe!“ со коментар Кетрин Зета-Џонс го носи 22-годишниот син Дилан Мајкл Даглас како партнер на свечен настан по неговото дипломирање на колеџ.
Актерката го разигра своето деколте во раскошен виолетов фустан со светки, креација на Ели Саб, и докажа дека смелоста и дискретниот сексапил се секогаш добитна комбинација.
Атрактивната Кетрин (53) е горда мајка додека позира за фотографите со своjот син (22) облечен во кафеав триделен костум.
Таа глуми во новиот филм на „Дизни плус“, кој пристигнува на стримерот на 14 декември.