Британската реалити ѕвезда Клои Фери (27) е позната по раскошните облини кои не се срами да ги покаже во полн сјај. Атрактивната Британка неодамна била фатена како престојува во една луксузна вила во текот на одморот во Шпанија.
Папараците ја фатиле како се сонча и ужива покрај базенот, иако изгледа дека била свесна за нивното присуство. Клои, која на Инстаграм има речиси 4 милиони следбеници, парадирала во минијатурно црно бикини чиј долен дел е во тренд веќе 3 сезони по ред.
Сепак, и покрај неговата популарност, ретко која девојка се осудува да го облече со оглед дека едвај покрива нешто и во пределот на задникот го „краси“ само една тенка лента.