Во средата свечено беше отворен 79-от Венецијански филмски фестивал на којшто се појавуваат важни лица од светот на филмот, но и од шоубизнисот.
Црвениот тепих стана дефиле на спектакуларните модни изданија, но секогаш се појавува некоја јавна личност која предизвикува бурни реакции со својот изглед.
Овојпат тоа го направила италијанската манекенка Марија Карла Боскано, која носела „ризична“ креација од Жан Пол Готје. Под проѕирниот фустан од тул, Марија носела само гаќички, но не и градник – и така целосно ги открила своите гради.
Интересно е тоа што овој фустан доаѓа од couture колекцијата и манекенката која тогаш го носела имала корсет под фустанот, но Марија за Венеција малку отстапила од оригиналот и избрала да се појави полугола, па ги заинтригирала присутните, но и оние кои ја виделе на социјалните мрежи.