Римскиот ресторан “Antiko kafte di marte” добил лавина на поплаки поради астрономската наплата на туристите. А се започнало кога двајца јапонски туристи на социјалните мрежи постираа сметка од 433 евра за две порции шпагети, риба и вода. Освен храната, на астрономската сметка се наоѓала и ставката “бакшиш“ кој туристите ги чинела 80 евра.
-Келнерот ни препорача морска храна по цена од 6,5 евра за 100 грама. Се договоривме да се частиме последниот ден од престојот и мислевме дека ќе добие некоја посебна риба. Наместо тоа добивме два килограма мешана риба – раскажал Минг за Си Ен Ен.
Ситуацијата да биде полоша, Јапонците добиле сметка во која им е наплатено 4,8 килограми риба за 315 евра. Освен пијалокот наплатено им е 40 евра за услуга и 40 евра за “бакшиш“. Се заедно 476 евра.
Кон поплаките се придружија и други туристи, па така Минг Нгок Бул од Виетнам кој живее во Германија, изјавил дека во ресторанот секогаш го “крадат“.