Поранешниот американски претседател Доналд Трамп присуствуваше на конвенцијата на Републиканците во сојузната држава Северна Каролина, при што видеото од настанот стана хит на Твитер со над 8,5 милиони прегледи, не поради неговиот говор, туку поради облеката што ја носел на себе.
Американците се убедени дека Трамп ги носел панталоните „наопаку“.
Твитер за кратко време беше преплавен со слики од овој настан, на кои корисниците на социјалните мрежи тврдат дека Доналд Трамп „наопаку“ ги облекол пантолоните затоа што на нив нема патент.
Others are noting this, but it can't be shared enough: Donald Trump gave his big speech today with his pants on backwards. Look close and tell me I'm wrong.pic.twitter.com/sRsoJVfyf8
— Brandon Friedman (@BFriedmanDC) June 6, 2021