891
Гробари во Русија најмиле полуголи манекенки за да продадат повеќе сандаци во рекламна кампања што ги шокира луѓето неколку месеци откако во земјата беше организиран морбиден саем на гробари.
Компанијата „Хороним“ од Москва ангажирала модели што позирале во долна облека околу ковчезите. Контроверзната реклама привлече спротивен ефект од очекуваниот, па луѓето на социјалните мрежи го изразија својот гнев. Еден корисник напиша дека рекламата е невкусна и навредлива, а други ја опишаа како богохулие.
Зошто ни се потребни голи жени за да рекламираме нешто толку приватно и мрачно? Тоа е невкусно и навредливо за оние кои треба да ги погребаат своите сакани“, додал корисникот, пренесува “Indy100”.


